Moses with Stone Tablets

СТАР ЗАВЕТ

Канонот на Стариот Завет претставува корпус на канонски книги што го сочинуваат првиот и поголем дел од Светото Писмо, а во кои е пренесена подготовката за доаѓањето на втората Ипостас на Света Троица, Господ Исус Христос во светот. Изразот „Стар Завет“ е христијански термин што потекнува од Посланието на светиот апостол Павле до Коринтјаните: „Но умовите нивни заслепеа, бидејќи и до ден денес, кога се чита Стариот Завет, покривалото стои несимнато, зашто Христос го симнува“ (2 Кор. 3,14). Еврејскиот израз за завет е „b’rith“, што во Септуагинтата е преведен на διαθήκη, со значење: сојуз, завет, и го означува сојузот склопен меѓу Бога и човекот, Израилот, чијашто врвна цел била да го подготви човештвото за доаѓањето Христово.
Jesus Fasting

НОВ ЗАВЕТ

Канонот на Новиот Завет претставува збирка на 27 боговдахновени книги напишани од светите апостоли, во која се открива и исполнува Божјата икономија и домострој на спасението на човекот. Новиот Завет е уште и основна содржина и критериум на апостолската Црковна традиција, со што се потврдува дека изворот на нејзиното богословско учење и литургиска пракса е ист; тој е исполнување на Стариот Завет, како договор меѓу Бога и избраниот Божји народ, кој бил со временски ограничен карактер (Мт 5,17). Новиот Завет, како нов сојуз, ги открива Божјите заповеди на потполно ново ниво (суштината е дадена преку проповедта за блаженствата), но со иста цел како Стариот Завет водење на човекот кон спасението и неговото обожување.

“Блажен е оној, кој чита, и оние, што ги слушаат зборовите на пророштвото и пазат на напишаното во него; зашто времето е блиску.”

Откровение 1,3
Блог

Новости

Јавете ни се

---

+389 (75) 665 423

---

Јавете ни се

---

+389 (75) 665 423

---

Стапи во Контакт

Не двоумете се, Контактирај со нас

Ако имате било какви прашања во врска со Библијата, Христијанство, Нов Завет, Стар Завет или ви треба повеке информација, или доколку има грешка во преводот или да предложите некоја сугестија можете слободно да не контактирате.