Книга Мудрост Соломонова

1. Да бегаме од гревот.

1. Сакајте ја правдата, судии земни, со праведни мисли мислете на Господа, барајте Го во простотата на своето срце.
2. Него Го наоѓаат оние, што не Го искушуваат; не им се јавува на оние, шо не веруваат во Него.
3. Зашто лажните умувања оддалечуваат од Бога, а искушувањето на Неговата сила ги посрамува беѕумниците.
4. Во лукава душа мудрост нема да влез и нема да престојува во тело што му робувна на гревот;
5. зашто Светиот Дух на премудроста се оддалечива од лукавството, ќе се отстрани од неразумни умувања и се засрамува од неправдата Што се приближува.
6. Човекољубивиот дух е мудрост; нема да го остави неказнет оној што богохулствува сосвојата уста; Бог е сведок на неговите внатрешни чувства, вистински гледач на неговото срце и слушател на неговиот јаѕик.
7. Духот на Господа ја исполнува целата вселена и, бидејќи обзема сè, го знае секој збор.
8. Затоа никој да не говори неправда; нема да се содкрие; праведната одмаза нема да го одмине.
9. Зашто помислие на беѕбожникот ќе бидат испитани, зборовите негови ќе бидат пред Господа, за да бидат избличени неговите беззаконија.
10. Зашто увото на љубомората слуша сè нема да се сокрие ни гласот на негодувањето.
11. Затоа пазте се од некорисното негодување, и пазете го јазикот свој од лоши зборови; зшто ни тајниот зор не минува попусто, а устата што клевети ја убива душата.
12. Не забрзувајте ја смртта со зблудите на животот свој; не навлекувајте си пропаст со делата на вшите раце.
13. Бог не ја соѕдал смртта и не ѝ се радува на пропаста на живите;
14. Он созал сè за да живее и сè што е во светот е спасоносно; во Него нема отров смртоносен, нема пеколот да владее на земјата.
15. Правдата е бесмртна, а неправдата предизвикува смрт;
16. безбоожниците ја привлекуваат смртта и со раце и со ѕборови, ја сметаат за пријателка и ослабуваат: со неа сојуз склучуваат, зашто се достојни да бидат нејзин дел.

2. Животот во очите на безожникот.

1. Оној што мисли неправилно, вака мудрува во себеси: краток и жалосен е нашиот живот – човекот не може да се избави од смртта; уште икој не познава таков човек, што ослободил некого од пеколот.
2. Случајно сме родени, а потоа ќе биде како воопшто да не сме биле; дим е она што го дишеме, а зборот = искра во движењето на нашЕто срце.
3. Кога душата изгасне, во прав ќе се претвори телото, а духот ќе се ѕагуби како редок воздух;
4. со време ќе се заборави и нашето име, никој нема да си спомне за делата наши; животот наш ќе помине како трага од облак, ќе разијде како магла гонета од зраците на сонцето и отежната од неговата топлина.
5. Зашто нашиот живот е како сенка кога ќе помине, од смртта за нас нема враќање: печатот е ставен и никој не се враќа.
6. Затоа да се насладуваме од сегашните добра; да брзаме да се насладуваме со овој свет, како и со младоста;
7. да се овенчаме со скапоценото вино и со мирисите; пролетниот цвет на животот да не одмине покрај нас;
8. да се овенчаме со ружи, пред ружите да свенат;
9. никој од нас да не се лишува од учеството во нашта наслада, секаде да оставиме траги од нашата радост: тоа е нашиот дел и нашето наследсво.
10. Да притеснуваме сиромав праведник, да не жалиме вдовици, да не почитуваме старец, ни неговите многугодишни бели коси.
11. Силата наша да биде закон на правдата, зшто она што е слабо – ѕа ништо не е.
12. Да поставиме стапици за праведникот, зашто тој ни пречи и се противи на делата наши; нè прекорува ѕа гревовите против Законот, нè хули за нашите гревови и ѕа нашЕто воспитание;
13. се фали дека го познава Бога, син на Господа се нарекува.
14. Кога е пред нас – тој е прекор на нашите помисли.
15. Тешко ни е да го гледаме; неговиот живот не е ако животот на другите и патиштата негови се различни од нашите;
16. за гадотија нè смета и бега како од нечистотија од нашите патишта; блажен го нарекува крајот на праведниците, се фали и Бога татко свој Го нарекува.
17. Да видиме дали се вистински неговите зборови, да испитаме каков ќе биде неговиот крај.
18. зашто, ако тој праведник е син Божји, него Бог ќе го заштити и ќе го избави од раката на непријателите.
19. Да го искупшаме со навреди и маки, за да ја испитаме неговата смиреност и да ја видиме неговата кротост.
20. Да го осудиме на срамна смрт, зашто, според ѝ еговите зборови, имало кој да се грижи за него.
21. Така умуваа тие, но се измамија, заШто злобота нивна ги беШе заслепила;
22. тие не ги поѕнаа тајните Божји, не чекаа награда за светост и не веруваа во наградите за;истите души.
23. Бог го созадечовекот за вечност и го направи слика на Своето вечно битие;
24. но поради завист од ѓаволот смртта влезе во овој свет, а неа ја доживуваат оние што му припаѓаат.

3. Блаженството на праведниците

1. А душите на праведниците се во Божја рака; до нив нема да се допре никаква мака.
2. Во очите на нерзумните, тие се како умрени, а нивниот крај се сметаше за пропаст;
3. и тоа што тие заминуваат од нас – лалп иништување, но тие живеат во мир.
4. Зашто иако во очите на луѓето е да се накажуваат, надежта нивна полна е со бесмртност.
5. Бидејќи малку казнети, тие ќе добијат големи блага, зашто Господ ги испитал и ги нашол достојни ѕа Себеси.
6. Он ги проверил како злато во печка и ги примил како најсовршена жртва.
7. Во времето на воскреснувањето, тие ќе светкаат како искри меѓу гранки.
8. На племиња ќе им судат, над народи ќе владеат, а над нив Господ ќе царува довека.
9. Оние што се надеваат на Него, ќе ја познаат вистината, а кои Му се верни во љубовта – ќе живеат во Него, зашто Он има милост и милосрдност ѕа Своите светии и промисла – за Своите избраници.
10. А безбожниците ќе бидат казнети за своите мисли; затоа што ги презреа праведниците и што отстапија од Господа.
11. Оти оние што ја презираат мудроста и поуката – несреќни се и надежта нивна е празна, и трудовите – бесплодни, а делата некорисни.
12. Нивните жени се неразумни, а децата лоши; проколнат е нивниот дом.
13. Блазе на неродилка, која не се осквернала, која не познала незаконска постела; таа ќе добие плод – кога светите души ќе бидат наградувани.
14. Блазе на евнух, кој не направил беззаконие со рака и не помислил ништо лошо против Господа; за неговата вера ќе му биде дадена посебна благодат и најпријатен дел во храмот на Господа.
15. Плодот на добрите трудови е славен, а коренот на мудроста е неподвижен.
16. Децата на прељубниците ќе бидат несовршени, а плодот на беззаконата постела пропаѓа.
17. Макар биле и договечни, за ништо нема да ги сметаат; нивната длабока старост ќе биде без почит.
18. А ако умрат рано, нема надеж, ниту имаат утеха ѕа судниот ден;
19. зашто страшен е крајот на грешниот род.

4. Припремената смрт на праведникот.

1. Подобро е бездетството со добродетел, зашто споменот за неа е бесмртен, таа се признава и од Бога и од луѓето.
2. Кога е овде, на неа се угледуваат, кога ќе си отиде – се стремат кон неа, во вечноста, овенчани – вечно прославувана, зашто победила преку непорочни подвизи.
3. Многубројното потомство на безбожникот нема никаква полза, воздивнувањата на прељубниците не пуштаат длабоки корења и немаат тврда основа.
4. Зашто, ако набрзина пуштаат гранки, слабо вкоренети, ќе се расклатат од ветрот, а од ударите на силните ветрови – ќе бидат искорнати.
5. Кревките гранки ќЕ се искршат, плодот ќе им биде бесполезен, незрел за храна и непотребен ѕа ништо;
6. зашто деца родени од беззаконски бракови – сведоци се ѕа развратот на своите родители при распитот на судот.
7. А праведникот и рано да умре, ќе биде во мир,
8. оти;есната старост не е во долговечноста, ниту се иѕбројува со бројот на годините.
9. Мудроста – тоа се белите човечки коски, а непорочниот живот – воѕраст на староста.
10. Откако Му угодил на Бога, праведникот е засакан и, откако живеал меѓу грешниците, Бог го прибрал;
11. грабнат е, злобата да не го измени неговиот разум и подмолноста – да не ја заведе неговата душа.
12. Зашто, извршувањето на лошото го помрачува доброто, а страсното бранување го развратува незлобивиот ум.
13. Кој достигнува совршенство во кратко време, тој живее долго;
14. зашто неговата душа Му била угодна на Господа, затоа и побрзал да го избави од безбожноста околу него. А луѓето го видоа тоа, и не го разбраа, дури и не помислија ѕа тоа,
15. дека Бог има благодат и милост ѕа Своите светии и промисла – ѕа Своите иѕбраници.
16. Праведник, умирајќи, ќе ги осуди живите безбожници и младоста што стигнала бргу до совршенство – долговечната старост на неправедникот,
17. зашто тие ќе го видат крајот на мудриот и не ќЕ сфатат што определил Господ за него и зошто го поставил во безопасност;
18. тие ќЕ видат и ќе го понижат, но Господ ќе им се потсмее;
19. и потоа тие ќЕ бидат преѕен труп и срам меѓу умрените довека, зашто Он ќе ги турне и тие ќе паднат безгласно ничкум – ќе ги отргне од нивната основа и тие нјпосле ќе опустеат, ќе бидат во жалост и споменот за нив ќе загине;
20. соѕнавајќи ги своите гревови, тие ќе застанат со страв и нивните беззаконија самите нив ќе ги осудат.

5. Праведниците и грешниците на судот

1. Праведникот ќе застане со голема смелост пред лицето на оние што го навредувале и ги презирале неговите подвизи;
2. а тие, откако ќе видат, ќе се збунат во голем страв и ќе се вчудовидат од неговото ненадејно спасение.
3. И, раскајувајќи се и воздивнувајќи од притеснувањето на својот дух, ќе мислат во себеси: тоа е оној истиот, кој некогаш служеше ѕа подбив и кој ни беше предмет на потсмев.
4. Ние, безумните, неговиот живот го сметавме за лудост, а смртта негова – нечесна!
5. А како ли е приброен кон синовите Божји и како добил дел меѓу светите?
6. И така, ние, навистина, се одвоивме од патот на вистината, светлината на правдата не ни светеше, а и сонцето не нè огреа.
7. Ние се исполнивме со беззаконија и лоши дела, а патот на Господа не го познавме.
8. Каква полза ни донесе гордоста? Што ни даде богатството со празни зборови?
9. Сето тоа премина како сенка, како краткотраен глас.
10. Како кога помине кораб низ разбранувана вода, ни трага нема од него; не се познава каде поминал, нити има патеки негови во брановите;
11. или како птица што во воѕдух лета и не остава зад себе белег од својот пат, но лесниот воздух, удиран од крилјата и сечен од брзото движење, проникнува со движењето на своите крилја, потоа не останува никаква трага од нејзиниот лет;
12. или како стрела пуштена кон целта, разделениот воздух веднаш се собира; не се познава патеката, по која поминала;
13. така и ние се родивме и умревме, и никаков знак на добродетел не можевме да покажеме, а се истоштивме во нашЕто беззаконие.
14. Зашто надежта на безбожникот исчезнува како прав носен од ветрот, како ситен шуШлек што го разнесува бура, исчезнува како дим на ветар и изминува како споменот на еднодневен гостин.
15. А праведниците живеат довека; нивната награда е во Господа, за нив се грижи Севишниот.
16. Затоа тие ќе го добијат царството на славата и венецот на убавината од раката Господова; Он ќе ги закрили со Својата десница и со Својата мишка ќе ги заштити.
17. Он ќе ја земе Својата ревност и како силно оружје, ќе ги вооружи сите созданија за одмазда против непријателите.
18. Како оклоп ќе ја облече правдата, а како шлем ќе го стави – нелицемерниот суд;
19. светоста ќе ја земе како штит непобедив;
20. гневот Свој строг ќе го изостри како меч, и сиот свет ќе појде со Него во бој против безумните.
21. Тогаш ќе полетаат добро вперените стрели, и од облаците, како од силно затегнат лак, ќе ја погодуваат целта;
22. и како од бојна направа за фрлање камења – ќе се исипе град; морската вода ќе беснее врз нив и реките без милост ќе ги издават.
23. Духот на силата ќе стане против нив и како виор ќе ги разнесе.
24. Така беззаконието ќе ја опустоши целата ѕемја и лошите дела ќе го превртат престолот на силните.

6. Должност на секој цар е да копнее по мудрост.

1. Затоа, слушајте цареви и разберете, поучете се судии од краиштата на ѕемјата.
2. Внимавајте вие што владеете со множествата и кои се фалите пред народите!
3. Господ е Оној, Кој ви ја подари власта; силата е од Севишниот, Он ги иследува вашите дела и ги испитува вашите намери.
4. Иако бевте служители на Неговото царство, не судевте право, не го држевте законот и не постапувавте според Божјите ѕаповеди.
5. Он ќе ви се јави страшно и набргу, а строг е судот над управниците;
6. зашто малиот заслужува милост, а силните ќе бидат силно измачувани.
7. Господ е над сите и од никого нема да се уплаши; Он не се плаши од никаква величина, Он соѕдал и мало и големо, за сите подеднакво промислува.
8. Управниците ги очекува строга истрага.
9. И така, цареви, моите зборови се упатени кон вас, за да се научите на мудрост и да не паѓате.
10. Зашто оние кои ги осветивте, и самите ќе се исветат, а кои се поучени во тоа – ќе најдат оправдание.
11. Затоа копнејте по моите зборови, засакајте ги и поучете се со нив.
12. Мудроста е сјајна и не темнее – лесно ја гледаат оние што ја сакаат, ја наоѓаат – оние што ја бараат;
13. таа ги пристигнува оние што ја бараат; прва им се покажува.
14. Кој ја бара од рано утро, нема да се иѕмачува, зашто ќе ја најде како седи пред неговата врата.
15. Оти и самата мисла ѕа неа – совршенство е за разумот, а кој бдее заради неа, брзо од грижи ќе се ослободи;
16. таа самата оди наоколу и ги бара достојните за себеси; доброволно им се јавува на нивните патишта, со нив се среќава при секоја мисла.
17. Нејзиниот почеток е – твојата најискрена желба да учиш,
18. а копнежот за учење – љубов е спрема неа; а да ја љубиш ѕначи да ги сакаш нејѕините закони, а да ги пазиШ нејзините закони тоа е залог ѕа твојата бесмртност,
19. а бесмртноста доближува до Бога;
20. затоа копнежот конмудроста издигнува до царство.
21. Ако вие, владетели, им се радувате на престолите и скиптрите, тогаш почитувајте ја мудроста, за да царувате довека.
22. А што е мудроста и како настанала, ќе ви кажам – нема да ка скријам тајната;
23. нема од вас да ги скријам тајните, ќе ги иследувам од самото раѓање;
24. ќе ти го откријам нејзиното познавање, не ќе одземам од нејзината вистина;
25. и нема да појдам заедно со оној што копнее од завист, таквиот нема ништо заедничко со мудроста.
26. Многуте мудреци се спасение ѕа светот, а разѕмен цар – благосостојба е за народот.
27. Затоа, поучувајте се од моите зборови и ќе ви биде од полза.

7. Соломон е човек како и другите.

1. И јас сум смртен човек, како и сите други, потомок сум на првото создание, направено од земја.
2. И јас бев обликуван во тело во мајчината утроба во тек на десет месеци, стегнат во крв од семето на маж и од наслада, соединета со сон.
3. И јас, кога се родив, дишнав воздух и паднав на оваа земја, првиот глас го пуштив со плач, како и сите;
4. бев одгледан во пелени и со грижи.
5. зашто ниеден цар не се родил поинаку;
6. за сите има само еден влез во животот, а еднаков е и излезот.
7. Затоа се молев – да ми биде подарен разум, викав – и врз мене влезе духот на мудроста.
8. Мудроста ја сакав повеќе од скиптри и престоли; а богатството го сметав за ништо пред неа;
9. скапоцен камен е неспоредлив со неа, зашто пред неа сето злато е како ништожен песок, а среброто е кал – во споредба со неа.
10. Ја засакав повеќе од здравје и од убавина и во изборот повеќе ја засакав од светлината, зашто нејзиниот сјај никогаш не угаснува.
11. И заедно со неа дојдоа при мене сите добра и големо богатство преку нејзините раце;
12. јас им се радував на сите тие добра, зашто мудроста ме раководеше, но не знаев дека е таа нивна создателка.
13. Без лукавство се нау;ив и без завист ја предавам; богатството нејзино не го кријам.
14. Таа е неисцрпно сокровиште за луѓето; ползувајќи се од неа, тие влегуваат во близина со Бога преку даровите на учењето.
15. Затоа нека ми даде Бог да говорам како што разбирам и да мислам достојно ѕа она што ми е дарувано, зашто Он е водачот на мудроста и управува со мудреците.
16. Во Неговата рака сме и ние и нашите зборови, сето наше разбирање и вештината во работата.
17. Он Самиот ви дава вистинско познавање за она што постои, за да го познаеме строежот на светот и дејството на стихиите.
18. почетокот, крајот и средината на времињата, повратните смени и промената на времињата,
19. годишните кругови и положбата на ѕвездите.
20. Природата на животните и својствата на ѕверовите, стремежот на ветровите и на човечките мисли, одликите на растенијата и лековитоста на корените.
21. Познав сè што е скриено и јавно, зашто ме научи мудроста, уметничката на сè.
22. Таа е дух разумен, свет, еднороден, многустран, тенок, подвижен, светол, чист, јасен, неопасен, благороден, брз, незадржлив.
23. добродетелен, човекољубив, тврд, непоколеблив, спокоен, безгрижен, кој гледа сè и проникнува во сите умни, чисти и најтенки духови.
24. Зашто мудроста е поподвижна од секое движење и, поради својата чистота, поминува низ сè и во сè проникнува.
25. Таа е здив на Божјата сила и чист одлив од славата на Седржателот: затоа ништо осквернето нема да влезе во неа.
26. Таа е одраз на вечната светлина, огледало чисто на Божјото дејство, слика на Божјата добрина.
27. Една е, а може сè, останувајќи во себеси, сè обновува и, минувајќи од род во род во светите души, таа ги подготвува Божјите пријатели и пророци;
28. зашто Бог не го љуби никого, освен оној што се дружи со мудроста.
29. Поубава е од сонцето и многу ѕвезди надминува; споредена со светлината, таа е погоре од неа;
30. зашто светлината со ноќта се сменува, а злобата нема сила над мудроста.

8. Сите добрини се во мудроста.

1. Таа брзо се пренесува од едниот крај на светот до другиот, сè уредува за полза.
2. Ја засакав и од младоста ја побарав, посакав да ми биде невеста, се вљубив во убавината нејзина.
3. Благородството свое го издигнува со тоа што живее заедно со Бога; неа ја засакал Владетелот на сите;
4. посветена е во тајните на Божјиот ум, ги избира Божјите дела.
5. Ако богатството е многу сакана придобивка во овој живот, тогаш што е побогато од мудроста, која соѕдава сè?
6. Ако благоразѕмноста прави многу, тогаш кој е подобар уметник од неа?
7. Ако некој сака праведност, добродетелите се нејзини плодови; таа поучува на умереност и разумност, на справедливост и храброст, од кои за луѓето нема ништо покорисно во животот.
8. Ако некој копнее по голема опитност мудроста одамна го знае минатото и ја предвидува иднината, ја знае длабоката смисла на зборовите и значењето на гатанките, однапред ги знае знаците и чудата и последиците од годините и времињата.
9. Затоа одлучив да си ја земам за другарка во животот, знаејќи дека ќе ми биде советница за добро и утешителка во грижите и жалостите.
10. Преку неа ќе имам слава во народот и чест пред старците, иако сум млад.
11. На судот остроумен ќе се покажам, ќе се вчудовидуваат големците – кога ќе застанам пред нив.
12. Кога молчам – ќе чекаат, кога ќе почнам да говорам – ќе внимаваат, а кога ќе продолжам – раката на устата своја ќе ја стават.
13. Со неа бесмртност ќе придобијам, вечен спомен ќе оставам за оние што ќе дојдат по мене.
14. Ќе владеам со народи, племиња ќе се покоруваат.
15. Ако се уплашат од мене тирани страшни кога ќе чујат за мене; со народот мој добар ќе бидам и храбар во војна.
16. Кога дома ќе се вратам, спокој покрај неа ќе најдам, во другарувањето со неа нема грубости и нема болка во животот со неа, а само радост и веселба.
17. И, откако така за сè во себеси размислив и во срцето свое обмислив, дека бесмрноста е во роднинство со мудроста,
18. а во дружба со неа – вистинска наслада, во трудовите на нејзините раце – нејзино неисцрпно богатство; во разговорот со неа – разум, а прифаќајќи ги зборовите нејзини – слава; тогаш појдов и барав како да ја придобијам.
19. Бев даровит младич и бев се здобил со добра душа.
20. па, бидејќи добар влегов во чисто тело.
21. И откако сфатив, дека мудроста не можам да ја придобијам, ако Бог не ми ја подари и дека разумноста требаше да знае чиј е тој дар, – јас пристапив кон Господа и Му се помолив и од сè срце Му реков;

9. Молитва за мудрост.

1. Воже на татковците и Господи на милоста, Кој си создал сè со Твоето слово.
2. Кој си го создал човекот со Твојата премудрост, за да владее над Твоите созданија,
3. и свето и праведливо да управува со светот и да суди со правична душам,
4. дарувај ми ја мудроста, која седи до Твојот престол и не отфрлај ме меѓу Твоите деца,
5. зашто јас сум Твој слуга и син на Твојата слугинка, човек слаб и кратковечен по живот, неспособен да ги сфати првдата и законите.
6. Па и да беше некој совршен меѓу синовите човечки, без Твојата премудрост, тој не би се сметал за нешто.
7. Ти ме избра за цар на Твојот народ, за да им судам на Твоите синови и ќерки;
8. Ти ми рече да изградам храм на Твојата света гора и жртвеник во градот на твоето живелиште, слични на Светата Скинија, која си ја подготвил од самиот почеток.
9. Со Тебе е премудроста, која ги знае твоите дела, таа беше таму кога си го создавал светот, знае што е годно пред твоите очи и што е право според твоите заповеди.
10. Испрати ја од твоите свети небеса, испрати ја од престолот на Твојата слава, за да ми помага во моите трудови и да знам што е угодно пред Тебе;
11. зашто таа сè знае и сè разбира мудро ќе ме раководи во моите работи и во својата слава ќе ме запази;
12. тогаш и делата Мои ќе Ти бидат угодни, и справедливо ќе управувам со народот и достоен ќе бидам за престолот на мојот татко.
13. Зашто Кој човек може да ги познае Божјите намери! Кој може да знае што Му е угодно на Господа!
14. Колебливи се мислите на смртниците, погрешни се нашите помисли,
15. бидејќи гнилежното тело ѝ тежи на душата, а таа земна колиба го притиска умот наш – преполн со грижи.
16. Одвај можеме да го сфатиме она што е на земјата, со мака го разбирме и она што е во нашите раце, а што има на небесата – кој испитал?
17. А Волјата твоја кој ќе ја познае, ако Ти мудроста не си ни ја дал и одозгора не ни го беше испратил Твојот Свет Дух?
18. Само така се исправија патиштата на земните жители, само така луѓето се научија за она што Ти е угодно Тебе,
19. и се спасија преку мудроста.

10. Од Адама до Мојсеја.

1. Таа го запази прво обликуваниот татко на светот кој беше создаден еден единствен и го избави од неговото сопствено паѓање:
2. таа му даде сила да владее над сè.
3. А кога во гневот свој грешникот ќе отстапи од неа – загинува во братоубиствената омраза,
4. Кога поради него потоп дојде, пак мудроста ја спаси земјата и праведникот го заштити на еден мал кораб.
5. И пак, кога се народите сложни во лошо едномислие, мудроста го наоѓа праведникот и го запазува безукорен пред Бога и го пази цврст во нежноста спрема неговиот син.
6. Кога изгинаа безбожниците, таа го спаси праведникот, кој избега од огнот што беше паднал од небото врз пет градови,
7. од што за сведоштвото на безбожноста остана да дими опустошената земја и растенијата, чиј плод е ненавремен, а зза споменик на една неверна душа е столбот од сол, кој стои таму.
8. Зошто тие, откако ја презреа мудроста, не сао што си нанесоа повреда, затоа што не го познаа доброто, туку на живите им оставија и спомен за својата безумност, за да не можат да го сокријат она во што се беа заблуделе.
9. А мудроста ги спасува од маки оние, кои ѝ служат.
10. Таа го учеше на прави патишта избеганиот праведник од гневот на неговиот брат, му го покажа царството Божјо и му подари знаење за светињите, му помогна во маките и трудовите негови изобилно ги награди.
11. Кога од алчност беше навредуван, таа застана пред него и го збогати,
12. го запази од неговите непријатели, го стави во безопасност кога подмолно го напаѓаа; во жестоката борба – победа му подари, за да знае дека побожноста е од сè најсилна.
13. Таа не го остава продадениот праведник, а го спасува од грев;
14. таа слегна со него, и во затворот не го остави во вериги, а потоа му донесе царски скиптар и власт над оние што го измачуваа, покажа дека се лажни обвинувањата против него и слава вечна му подари.
15. Таа го ослободи народот и родот беспрекорен од неговите мачители.
16. Му влезе во душата на слугата Господов и тој ги нападна страшните цареви со чуда и знаци.
17. Таа ги наградува светиите за нивните трудови, по чуден пат ги води, дење им е закрил од жештината, а ноќе – ѕвездена светлина.
18. Таа ги преведе преку Црвеното Море, ги преведе преку голема вода.
19. А непријателите нивни ги издави, а потоа ги исфрли од длабината на бездната.
20. И така, праведниците им го одѕедоа оружјето на неправедниците и со него го прославија името Твое, Господи, а раката Твоја победничка – еднодушно ја прославија;
21. зашто мудроста им ја отвори устата на немите и детските јазици ги направи разбирливи.

11. Водата – пропаст за Египтјаните и спасение за Израелците.

1. Таа ги среди нивните работи преку раката на светиот пророк;
2. Минува низ ненаселена пустина, во непреодни места шатори поставија;
3. им се противставија на непријателите, на своите завидливци им се одмаздија.
4. А кога се измачуваа од жед, тие повикаа кон Тебе и вода им беше дадена од стрмна карпа и гаснење на жедта – од тврд камен.
5. Зашто, она со што беа казнети нивните непријатели,
6. со тоа, кога им беше потребно ним им беше направено добрина:
7. место извор од постојано течна вода, разматена со крв што смрди,
8. изобличување на нивната заповед за избивање на децата, Ти ин даде изобилна вода;
9. тогаш преку жедтта им покажа како ги беше казнил нивните непријатели.
10. Зашто кога беа на испитување, макар и да беа подлагани на милостивно вразумување, тогаш познаа како се измачуваа осудените во гнев безбожници;
11. зашто нив Ти ги испитуваше како татко поучувајќи ги, а оние, како разгневен цар ги осуди и ги измачи.
12. И тие што не беа таму и оние што беа – еднакво пострадаа.
13. Нив ги постигна двојна мака и воздивнувања од споменот на минатото.
14. А кога слушнаа дека она што беше за нив казна ним му се даде тоа како дар, тогаш тие го познаа Господа.
15. Од Кого порано, како од отфрлен, се одрекоа со хули, по настаните Му се восхитуваа, откако ја претрпеа нееднаквата жед со праведните.
16. А за неразумните помисли на нивната неправда, според кои во ѕаблуда им служеа на неразумните влекачи и презрени чудовишта, Ти, за да ги казниш, им испрати мноштво животни безгласни,
17. за да познаат, дека со што некој греши – со тоа и накажуван бива.
18. Твојата сесилна рака, која го соѕдаде светот од невообличена материја, можеше да испрати на нив множество мечи и свирепи лавови,
19. или непознати новосоздадени лути ѕверови, кои дишат со огнен здив, или исфрлаат облаци дим или фрлаат страшни искри од очите,
20. ѕверови страшни, кои не само што би можеле на ужасен начин да ги повредат, туку и страшно да ги погубат.
21. А и без сето тоа, тие може да загинат само со еден здив, гонети од Твоето правосудие и уништени од духот на Твојата сила; во Ти сè си наредил со број, мерка и тежина.
22. Зашто Ти имаш секогаш голема сила, и кој може да се дигне против силата на Твојата мишка?
23. Целиот свет е пред Тебе како прашина врѕ терезија или како капка утринска роса, која паѓа на земјата.
24. Ти сите ги милуваш, зашто сè можеш; ги проштеваш човечките гревови кога се кајат.
25. Ти милуваш сè што постои и не се гнасиш од ништо што си го создал; не си сакал да создадеш нешто што би го мразел.
26. И како можеше нешто да постои, ако Ти не го сакаше? или како би се ѕапазило она што не е повикано од Тебе?
27. Но Ти сè запазуваш, зашто сè е Твое. Ти, Господи, ги сакаш душите.

12. Божјата отстапка спрема Ханан.

1. Твојот вечен дух живее во сè.
2. Затоа малку по малку ги изобличуваш оние што се заблудиле и, напомнувајќи им во што згрешиле, ги вразумуваш, та, откако отстапат од злото, да поверуваат во Тебе, Господи.
3. И така, откако се одврати од древните жители на Твојата света земја,
4. кои вршеа одбивни дела на вражање и идолски жртвувања,
5. бездушни убијци на деца, на жртвени гозби кои јадат внатрешности од човечко тело и крв на тајни собранија,
6. и од родителите, кои убиваа беспомошни души, одлучи да ги погубиш со рацете на татковците наши,
7. та, земјата, која Ти е најдрага од сè, да го прими достојното население од чедата Божји.
8. Но и нив, како луѓе, Ти ги поштеди откако им испати стршни, како претходница на Твојата војска, за да ги истребиш малку по малку.
9. Иако за Тебе не беше неможно грешниците да им ги потчиниш на предавниците, или да ги истребиш со страшни ѕверови или со збор страшен одеднаш,
10. но Ти, казнувајќи ги по малку, време за покајание им даваше, иако добро знаеше деказлото им е вродено и дека нивната мисла никогаш нема да се измени.
11. Семето нивно уште од почеток беше проколнато; и не од страв пред некого ги остави неказнети.
12. Зашто кој ќе Ти рече: „Што направи Ти»? или кој ќе се противстави на Твојот суд? или – Кој ќе Те обвини што си погубил народи кои си ги создал Ти? или – Кој бранител ќе дојде при Тебе за да ги заштити неправедните луѓе?
13. Зашто освен Тебе, нема Бог, Кој да се грижи за сите, за да Ти докажува дека несправедливо си пресудил.
14. Ни цар, ни достоинственик не смее да дојде пред Твоите очи за оние што си ги погубил.
15. Бидејќи си праведен, Ти праведно управуваш, сметаш дека е недостојно за Твојата сила да го казниш оној, кој казна не заслужил.
16. Зашто силата Твоја е основа на Твојата правда, и самото тоа што владееш со сè можеш и да ги поштедиш сите.
17. Силата Твоја ја покажуваш над оние, кои не веруваат во Тојата моќ; ја разобличуваш дрската смелост на оние кои не Те признаваат;
18. имајќи голема сила, Ти судиш снисходливо и нè раководиш со голема милост, зашто твојата сила секогаш е во Твојата волја.
19. Со такви дела Ти го поучуваш Твојот народ – дека праведникот треба да биде човекољубнв, а на Твоите синови им даваше добра надеж, оти им даваш време за покајание на гревовите.
20. Зашто, ако и непријателите на Твоите синови, макар виновни за смрт, си ги казнил со таква снисходливост и штедење, што им даваше време и можност да се ослободат од злото.
21. та со какво внимание си им судел на своите синови, на чии татковци им дде клетва и завет за благи ветувања!
22. И додека нас ни вразумуваш, нашите непријатели ги казнуваш илјада пати построго, така што, ние кога судиме, да мислиме на Твојата благост и кога сме судени – да чекаме помилување.
23. Затоа и грешниците, што живееја неразумно, Ти ги измачуваше со нивните сосптвени гревови,
24. оти отидоа предалеку по патиштата на заблудата, мамејќи се како глупави деца, за богови ги почитуваа оние животни, кои дури и кај непријателите беа презрени.
25. Затоа како на глупави деца им испрати казна за подбивање.
26. Но, бидеќи не се вразумија од подбивната казна, доживеаја заслужен Божји суд.
27. Зшто, откако го видоа она истото, што тие самите го поднесуваа со негодување, и врз оние што ги сметаа за богови и од кои биваа казнувани, Го познаа вистинскиот Бог за Кого пред тоа не сакаа ни да чујат;
28. затоа и дојде врз нив крајната осуда.

13. Обожување на ѕвездите и на природните сили.

1. Сите луѓе по природа се суетни, оние кои не Го познавале Бога, Кој постои од вечноста и, гледајќи ги Неговите дела, не Го познавале Него Создателот,
2. туку ги почитувале за богови кои управуваат со светот: или огнот, или ветрот, или подвижниот воздух, или ѕвездениот круг, или силните води или небеските светила.
3. Зашто восхитувајќи се на нивната убавина, тие сили ги почитуваа за богови, а тие требаше да познаат колку е Господ подобар од нив, заШто Он, Создателот на убавото – ги создал и нив.
4. Ако, пак, се чудеа на силата нивна и на нивното дејство, тие требаше од нив да разберат колку е посилен Оној, Кој нив ги создал,
5. бидејќи според величината и убавината на созданијата по сличност ќе се познае Создателот на нивното битие.
6. Но, сепак тие заслужуваат помал прекор, зашто можеби се заблудуваат, барајќи Го Бога, па сакаат да Го најдат,
7. оти свртувајќи се кон Неговите дела, тие испитуваат и се убедуваат преку своите очи, дека сè видливо е прекрасно.
8. Но сепак не треба да им се прости.
9. Оти, ако можеле да придобијат толкаво знаење, така што можеле да го проучуваат привремениот свет, зошто тогаш веднаш не Го нашле неговиот Господар?
10. Но, понеспокојни се оние што својата надеж ја полагаат на бездушни работи, кои делата на човечки раце ги нарекуваат богови – златото и среброто, уметнички обработени образи ѝ аживотни или безвреден камен, изделкан од човечка рака.
11. Или, пак, дрводелец некој отсече погодно дрво, грижливо му ја симне целата кора и, откако го изработи убаво, од него направи сад за неаква корисна употреба во животот,.
12. а деланките од работата ги употреби за готвење храна и потоа се нахрани,
13. но една од тие гранки, негодна за ништо, криво дрво и глуждливо, го зема и во слободното време го изделкува со опитност вешта, па сличен го направи на човечки лик,
14. или го направи да личи на некое долно животно, го премачкува со оловна боја, потоа со црвена, му отстранува секој недостаток,
15. и, откако приготви погодно за него место, го закчува на ѕидот, прицврстувајќи го претходно со железо.
16. И така, за да не падне неговото дело, однапред се грижи за него, бидејќи знае дека тоа самото не може да си помогне, зашто е идол и има потреба од помош.
17. А молејќи се пред него за својот имот, за женидба и деца, тој не се срамува да му говори на тоа дрво што е бездушно,
18. и да бара здравје од она што е неможно, од мртвото – да бара живот, и помош да бара од она што е беспомошно, да го моли за добро патување она што не може да пречекори,
19. за придобивка, за работа и за успех на рацете, кое воопшто не може со раце да работи, за сила да го моли – најбессилното.

14. Последиците од верата во лажни богови.

1. Некој друг, подготвувајќи се да плови и да преплови бесни води, повикува на помош дрво, послабо и од коработ што го носи,
2. зашто, стремежот за придобивка го измислил коработ, а градителот вешто го направил.
3. Но со него управува промислата Твоја, зошто Ти си го дал и патот по морето и безопасната патека по неговите бранови,
4. покажувајќи дека Ти можеш да избавиш од сè, макар некој, и без опитност, по море да појде.
5. Ти сакаш делата на Твојата премудрост да не бидат попусто; затоа луќето си го доверуваат живото на најмало дрво, и се избавуваат, минувајќи со брод по брановите.
6. Зашто и во почетокот, кога беа погубувани гордите исполини, надежта на светот, водени од Твојата рака, ги засолни во кораб, и му остави на светот семе за род.
7. Благословено е дрвото, преку кое се исполнува правдата!
8. А таа ракотворба е проклета, а и оној што ја направил – и затоа што ја направил, и гнилежното дрво затоа што е наречено бог.
9. Бидејќи еднакво се одвратни пред Бога – и безбожникот и неговата безбожност;
10. и она што е направено и оној што го направил ќе бидат заедно казнети.
11. Затоа и за идолите на незнабожците ќе има суд, зашто тие станаа гадотија меѓу Божјите создание, соблазна на човечките души и стапица за нозете на неразумните.
12. Зашто измислувањето на идоли е почеток на блудот, а нивното откритие – изопачување на животот.
13. Нив ги немало во почетокот, а и нема да ги има довека.
14. Тие дојдоа во светот поради човечкото славољубие, затоа им е досуден блискиот крај.
15. Татко, скршенод тешка жалост поради предвреме умрен син, откако го направил неговиот лик на мртов човек, отпосле почнал да го почитува како бог и на своите потчинети им определи тајни и нареди жртви да му принесуваат.
16. Во текот на времето, вкоренет тој безбожен обичај бил пазен како закон, и, по запове на силните, тоа што било извајано – било почитувано како божество.
17. Кога луѓето не можеле, поради далечното му живеалиште, лично некого да почитуваат, тогаш правеле лик на оддалеченото лице: правеле видлив лик на починат цар, па како на неприсутен да му поласкаат како на присутен.
18. А и за засилување почитувањето од страна на оние штоне го познавале, помагало заземањето на уметникот,
19. бидејќи тој, можеби од желба да му угоди на владетелот, се трудел сличноста да ја направи што поубава;
20. а народот, восхитен од убавината на творбата, го признавал за божество оној, кој малку пред тоа бил почитуван како човек.
21. И тоа стана соблазна за луќето, бидејќи тие, робувајќи ѝ на неволјата или на тиранството, му го предавале на каменот и дрвото неискажливото Божјо име.
22. А потоа, како да не им било доволно тоа што заблуделе во знаењето за Бога, туку живеејќи во голема борба поради незнаењето, тоа големо зло уште го нарекуваат мир.
23. Зашто, извршуваат ли жртви на деца, или скришни тајни, или приредуваат ли бесни гозби со туѓи обичаи,
24. тие веќе не ја пазат ни чистотата на телото, ниту чистотата на бракот, туку еден со друг, или подмолно се убиваат, или со прељуба се осквернуваат.
25. Сите нив без разлика ги надвладеале: крвнина и убиство, грабеж и подмолност, расипност, неверност, бунтови, клетвопрестапништво, разграбување имоти,
26. неблагодарност, осквернување на душата, злосторство против природата на половите, неред во брачниот живот, прељубодејство и нечесен живот.
27. Служењето на идоли, недостојни да се именуваат, се почеток, причина и кра на секое зло,
28. бидејќи оние што им служат, или во веселбите свои беснеат, или лага пророкуваат, или неправедно живеат, или брзо заклетва нарушуваат.
29. Надевајќи се на мртвите идоли, не мислат дека ќе бидат казнети, зашто неспрведливо се колнат.
30. Но, и за едното и за другото ќе ги постигне казна: затоа што служејќи им на идолите, го искривиле поимот за Бога и што криво се колнеле и подмолно презирале сè што е свето.
31. Зашто не силата на оние, во кои се заколнуваат, туку судот над оние што згрешиле доаѓа веднаш по престапот на неправедните.

15. Израилот има вера во вистинскиот Бог.

1. Но, Ти, Боже наш, си добар и вистински, долготрпелив и милостиво управуваш со сè.
2. Ако и грешиме, ние сме Твои и ја признаваме Твојата власт; но ние нема да грешиме, ако знаеме дека сме признати за Твои.
3. Знаењето за Тебе е полна праведност, а признавањето на Твојата власт – корен на бесмртноста.
4. Нас не нè примамува лукавата човечка измислица, ниту бесплодниот труд на уметникот – ликови украсени со различни бои,
5. погледот врз кој предизвикува кај безумните копнеж и желба кон бездушниот изглед на мртвиот лик.
6. И оние што ги прават, и оние што ги сакаат, и оние што ги почитуваат – сите се љубители на злото и достојни за таквите надежи.
7. Грнчарот ја гмечи меката глина и грижливо изработува секаков сад за наша потреба; од една иста глина изработува садови за чиста и за нечиста употреба – за сите еднакво; а за што ќе се употреби секој од нив – одлучува грнчарот.
8. И бедниот мајстор од истата глина изработува ништожен бог, кој пред малку и самиот од земја беше создаден и набргу ќе се врати таму, од каде што е земен, и ќе се побара долгот на неговата душа.
9. Но тој не се грижи затоа што треба многу да работи, ни затоа што животот негов е краток, но тој се натпреварува со мајстори што прават од злато и сребро различни изработки и се огледува на оние што работат со бакар и се гордее со своите нечистотии.
10. Срцето негово е пепел, надежта негова е побезначајна од земниот прав, а животот попрезрен и од калта.
11. Зошто не Го својот Создател, Кој му дувнал душа делотворна и Кој му вдахнал дух на живот.
12. Тие животот го сметаат за забава, а живеењето за трговија, зашто велат дека од сè треба да се извлекува придобивка, та дури и од злото.
13. Но, таквиот знае подобро од сите, дека греши со тоа што од земја прави и садови и ликови.
14. Но, најнеразумни од сите и помалоумни и од самите доенчиња – се непријателите на Твојот народ, кој го измачуваат,
15. зашто ги почитуваат како богови сите пагански идоли, кои имаат очи, а не гледаат; имаат ноздри, а не мирисаат; имаат уши, а не слушаат, нивните прсти не допираат и нивните нозе не одат.
16. Иако човекот ги направил, иако ги направил со својот дух, но ниеден човек не може да направи бог, сличен на себеси.
17. Бидејќи смртен, со своите нечестиви раце го прави она што е мртво, затоа е над своите божества, зашто тој живеел, а тие никогаш.
18. Освен тоа, тие ги почитуваат најодвратните животни, кои се по своето безумие – полоши од сите.
19. Тие не се убави дури и по изглед, како другите животни, за да можат да привлекуваат кон себеси, туку се лишени од Божјата пофалба и од Неговиот благослов.

16. Египет и Израилот.

1. Затоа тие беа достојно казнети преку слични животни и измачувани од многу чудовишта.
2. А место таква казна, Ти на народот Твој добрини му правеше, за да им ги задоволиш нивните желби – Ти им подготви необична храна – потполошки.
3. Та оние, измачувани од глад, поради одвратниот вид на испратените животни, д се откажуваат од природната потреба за храна, а овие, кои за кратко време претрпеа скудност, ги удостои да вкусат необична храна.
4. Зашто на тие мачители требаше да дојде неодминлива скудност, додека на Твоите чеда требаше само да им се покаже – колку тешко биле измачувани нивните непријатели.
5. И откако ги постигна страшен ѕверски бес и умираа од касање на змии отровници, гнвот Твој не отиде до крај.
6. Но само за кратко време беа уплашени, за да се вразумат, добија знак за спасение – за да си ја спомнат заповедта на законот Твој,
7. зашто кој ќе погледнеше, биваше излекуван, не преку она во што погледуваше, туку преку Спасителот на сите.
8. А и со тоа им покажа и на нашите непријатели, дека си Ти Оној, Кој избавува од секое зло;
9. зашто ите биваат убивани преку каснување од скакулци и муви, и не се најде лекарство за нивниот живот, бидејќи беа заслужиле да бидат измачувани од нив.
10. А на Твоите синови не им напакостија ни забите на отровните змии, зашто Твојата милост им дојде напомош и ги исцели.
11. Макар и да беа каснати, за да си спомнат за Твоите зборови, набргу биваа исцелувани, за да не паднат во длабока заборвност и да да се лишат од Твојата помош.
12. Нив не ги лекуваат ни билки ни мелеми, туку зборот Твој, Господи кој лекува сè!
13. Ти имаш власт над животот и над смртта, Ти доведуваш до вратите на пеколот и пак издигнуваш.
14. Човекот по својата злоба може и да убие, но кога духот излезе тој не може да го врати и одземената душа не може да ја повика.
15. А од твојата рака не може да се избега,
16. а безбожниците кои не сакаат да Те познаат, тие се казнети со силата на Твојата мишка; нив ги гонеа и дожд, и град и беси бури и оган што проголтува.
17. Но најчудно од сè беше тоа. што огнот покажуваше поголемо дејство сред водата, која гасне сè, зашто светот се бореше за праведниците.
18. Понекогаш пламенот престануваше, за да не изгорат животните, испратени против безбожниците, та, откако го видоа тоа, да разберат дека ги прогонува Божјиот суд.
19. А понекогаш сред водата бувнуваше посилно огнот, за да ги уништи неправедните дела на земјата.
20. А Ти народот Твој со ангелска храна го хранеше и, без да се трудат, Ти им испрати од небото готов леб, кој имаше во себеси секаква сласт, на секого според неговиот вкус.
21. Зашто својството на Твојата храна ја покажуваше Твојата љубов спрема Твоите деца; за да ја задоволиш желбата на оној што јаде – ја менуваше според вкусот на секого од нив.
22. И снегот и мразот издржаа на огнот и не се стопија, за да познаат дека, огнот што гори во град и блеска во дожд – дека ги уништува плодовите на нивните непријатели,
23. но истиот оган за да ги нахрани праведните, ја губеше својата сила.
24. Созданијата што Тебе Ти служат – на Создателот свој, ги засилуваат своите сили, за да ги казнат безбожните, а се смируваат за доброто на оние кои веруваат во Тебе.
25. Затоа тогаш и тие, изменувајќи се во сè, се покоруваа на Твојата благодат, која ги храни сите, според желбата на оние што имаат потреба,
26. та Твоите синови, кои си ги засакал, Господи, да знаат дека не изобилието на плодовите го храни човекот, туку зборот ги запазува оние што веруваат во Тебе.
27. Зашто она што не се повреди од огнот, штом ќе се огрееше од слабите зраци на сонцето, веднаш се растопуваше,
28. за да се знае дека сонцето треба да го претпочитаме со благодарност кон Тебе и, свртувајќи се кон изворот на светлината, на Тебе да Ти се поклонуваме.
29. Зашто надежта на неблагодарниот ќе се растопи како шушлек и ќе се иѕлее како непотребна вода.

17. Египет и Израилот: темнина и светлина.

1. Големи се и недостижни Твоите судови, Господи, затоа непоучените души паднаа во заблуда.
2. Оти беззакониците затвореници на темнината, и заробеници на долгата ноќ, ки беа намислиле да го измачуваат светиот народ, затварајќи се во своите куќи, се криеја од вечната Промисла.
3. Мислејќи дека со тоа се сокриваат нивните тајни гревови, тие, под темниот покрив на заборавот, се рассеале, силно преплашени од привиди и беа избезумени,
4. зашто и најскришното место, во кое се затвораа, не ги избавуваше од стравот, но околу нив страшни звуци се огласуваа и во ужас ги доведуваа, а им се јавуваа страшни чудовишта со грозни лица;
5. никаква огнена сила не моќеше светлина да им даде, ниту светлиот болскот од ѕвездите не можеше да ја осветли таа мрачна ноќ.
6. Им се јавуваа, така сами од себе, запалени клади полни со ужас и кога виденијата исчезнуваа, од страв избезумени и од она што веќе не го гледаа – го замислуваа многу погрозно.
7. Паднаа лагите на волшебното знаење, пофалбите со мудрост на подбив се изложија,
8. зашто оние, што беа ветувале дека од срамната душа ќе ги прогонат ужасите и стравовите, и самите страдаа од смешна стравотност.
9. Иако никаков страв не ги плашеше, но прогонувани од движењето на отровните змии и шушкањето на страшните влекачи, тие умираа од страв, плашејќи се дури и од воздухот, од кој никаде не може да се избега,
10. зашто безбожништвото е плашливо, со свето сведошТво се осудува; злото секогаш го зголемува кога почне совеста да го измачува,
11. а стравот не е ништо друго, туку лишување од помошта што ја дава здравото размислување.
12. Колку е помала внатрешната надеж, толку поголема била замислувана непознатата причина, од која произлегува маката.
13. И тие во таа, навистина неподнослива ноќ, излезена од длабините на страшниот пекол приготвувајќи се да заспијат обичен сон,
14. час бивале измачувани од страшни привиденија, час раслабувани од очајание, зато што ги напаќал ненадеен страв.
15. И така, таму кој каде што се нашол, бил затворан во темница без окови.
16. И земјоделец и пастир или тежок работник далеку во пустината, штом бил настигнат од страшна неволја, ѝ се предавал на таа неизбежна неволја,
17. зашто сите беа врзани со едно јаже на темнината. Ветар ли бучи или меѓу густи гранки милозву;ен глас на птичка се слуша, вода ли тече брзо и бучно или камења паѓаат со голем тресок,
18. дали тоа животни трчаат и скокаат, та не се гледаат, или најсвирепи ѕверови рикаат или се слуша одглас на планински длабини – сето тоа ги престрашуваше и истоштуваше.
19. Зашто цел свет беше осветлен со јасна светлина и без пречки ги извршуваше своите работи;
20. само над нив беше распослана тешка ноќ – слика на темнината што понекогаш ќе ги опфати; но тие сами за себе беа товар – потежок од темнината.

18. Египет и Иѕраилот – погубителот.

1. А за твоите свтии имаше најголема светлина. Оние, слушајќи им го гласот, а не гледајќи го нивниот лик, блажени ги нарекуваа затоа што не страдаа.
2. А за она што порано беа навредувани од нив и не им се одмаздуваа, им благодареа и ги молеа за прошка, што ги присилувале да страдаат.
3. На Израилците им даде огнен – светол столб, за да им биде водач по непознатиот пат -благо сонце за среќно патување.
4. Египтјаните беа заслужиле да бидат лишени од светлината и во темнина затворени, затоа што ги беа држале затворени синовите Твои преку кои, на светот требаше да му се даде вечна светлина на Законот.
5. Откако решија да им ги избијат децата на светите луѓе, макар и да спасија едно потфрлено дете, за казна, Ти им одзеде многу деца и нив самите ги погуби во големата вода.
6. А таа ноќ однапред им беше јавена на наште татковци, та, знаејќи ги ветувањата во кои веруваа, спокојни да бидат.
7. Твојот народ го очекуваше и спасението на праведните и загинувањето на непријателите,
8. зашто она со што ги казнуваше непријателите, со тоа истото нè прослави нас, повикувајќи нè при Себе.
9. Тогаш побожните деца на праведниците тајно зртви принесуваа и еднодушно божествен закон уредија: светите луќе еднакво – да учествуваат и во добрини и во опасности. И тогаш ги запеаја светите песни на татковците.
10. А од спротивната страна се слушаше злогласниот вик на непријателите и тажниот лелек над оплакуваните деца.
11. Со еднаков суд беа казнети и робот и господарот; истото го поднесуваше и простиот човек и царот;
12. сите заедно имаа безброј мртовци, умрени од иста смрт; живите беа премалку, за да ги погребаат мртвите, зашто само во еден миг загина нивниот најмил пород.
13. И кога тие, поради своите маѓии во ништо не веруваа, кога им загинаа нивните првенци, тогаш признаа дека израилскиот народ е син Божји,
14. зашто додека тивко молчење исполнуваше сè, а ноќта во својот тек беше стигнала до седината,
15. д небото слегна, од царските престоли, на земјата, предаден за пропаст, како страшен војник, сесилниот Твој збор.
16. Тој носеше остар меч – неизменливата Твоја заповед и, откако застана, исполни сè со смрт; тој допираше до небото и одеше по земјата.
17. Тогаш одеднаш силно ги исплашија привиди на ужасни соништа и настана ненадеен страв;
18. паѓаа полумртви, еден овде, друг таму, си кажуваа еден на друг зошто умираат,
19. зашто соништата, што ги збркаа, однапред им го беа тоа кажале, за да знаат зошто злото ги постигнало.
20. Иако смртната казна и прведници покоси, многумина и од нив во пустината загинаа, но тој гнев не потраа долго,
21. зашто беспрекорниот човек бргу се застапи за нив, во оружен со оружјето на својата служба, со молитва и кадиво за измирување, тој стана против гневот и на маките им стави крај, а со тоа покажа дека е слуга Твој;
22. смртта не ја победи со телесна сила, ниту со силта на оружјето, туку само со збор свој го победи напасникот, откако ги спомна клетвите и заветите на татковците.
23. Зашто, кога веќе со купишта лежеа еден врз друг, тој застана сред нив, го сопре гневот и му го пресече патот кон живите.
24. На облеката негова беше целиот свет и имињата славни на татковците изрезани беа врз камења во четири реда, а Твоето име – врз дијадемата на главата негова.
25. Пред тоа отстапи погубителот и се исплаши од него; зашто беше доволна само таа гневна казна.

19. Египет и Израилот. Црвеното Море.

1. А над грешниците продолжуваше до крај немилостивиот гнев, зашто Он ги предвиде и идните нивни дела,
2. дека тие, откако им дозволат да појдат и откако ги испратија брзо, ќе се предомислат и ќе ги подгонат;
3. оти, наоѓајќи се уште во тага и плачејќи над гробовите на умрените, на ум им падна луда помисла: да ги гонат оние, кои со молба ги беа испратиле.
4. Кон тоа ги влечеше неволјата, што ја беа заслужиле, па ги заборавија старите маки, за да ја дополнат казната – на своите страдања уште едно да придодадат,
5. народот Твој да направи славно патување, а тие да најдат необична смрт.
6. Целото сознание одново одозгора ја измени својата природа, потчинувајќи се на особени заповеди, та синовите Твои да бидат запазени неповредени.
7. Се појави облак и со сенката своја го сокри логорот, а таму каде пред тоа имаше вода – се покажа сува земја: во Црвеното Море се појави слободен пат, а бурната бездна стана водена долина.
8. Закрилувани од Твојата рака, тие поминаа низ неа, гледајќи чуда невидени.
9. Беа како коњи на пасиште, како јагниња скокаа, славејќи Те Тебе, Господи, Избавителот свој;
10. зашто уште го помнеа она што се беше случило: како место животни други, земјата комарци даваше, а реката, место риби, множество жаби исфрли.
11. А потоа видоа и нов вид птици, кога, поттикнати од желба, се молеа да им се дде повкусна храна;
12. а за нивна утеха, од морето долетаа потполошки, а грешните ги постигна казна со знаци, на кои им претходеа силни грмотевици. Справедливо пострадаа поради својата злоба;
13. со силна омраза ги ненавидеа туѓинците: едни не примаа непознати туѓинци, а овие и своите придојдени добротвори ги заробиа.
14. И не само тоа, туку за нив и суд ќе има, зашто другите ги одбиваа туѓинците,
15. а овие, откако ги примија со радост, им дадоа да се ползуваат со еднакви права, а потоа почнаа да ги измчуваат со страшна работа.
16. Затоа беа поразени со слепило како оние некогаш пред вратата на праведникот, ги обгрна темнина густа и секој ја бараше својата врата.
17. Така самите стихии се изменија, како што се менуваат гласовите на харфата, останувајќи сепак звуци; ова може јасно да се сфати кога внимателно се разгледуваат настаните.
18. Зашто земните животни во води се претворија, а оние што пливаја во водите – на суво иѕлегуваа.
19. Огнот ја задржа својата сила и во водата, а водата го загуби својството да гасне;
20. пламенот, пак, не го уништи месото на животните, кога сред него одеа, ниту се топеше во него небесната храна – лесно топива, како снег.
21. Така, Господи Ти во сè го издигна и го прослави Твојот народ и не го остави, туку секогаш и секаде остана со него.